Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници во државава не констатира недостатоци, соопшти Министерството за здравство.
Според информацијата извршени се вонредни инспекциски надзори во клиниките за инфективни болести и фебрилни состојби, за детски болести и за пулмологија во Скопје, во клиничките болници во Штип и Битола, во општите болници во Кочани, Струмица, Куманово, Прилеп, Гостивар, Гевгелија, Струга, Охрид, Кавадарци, Велес, Кичево и Дебар, како и во Здравствениот дом во Ресен.
-Предмет на надзор согласно надлежностите на ДСЗИ, како што се посочува, беше: опис на модуларната болница: капацитет на болницата со број на болнички соби, болнички кревети, дополнителни простории, монентална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница, санитарно хигиенска состојба на објектот; увид потврда за извршена ДДД од овластена установа; увид дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот; увид во делот дали и колку од персоналот се комплетно вакцинирани, начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад; број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите (лекари, сестри, болничари,хигиеничари), дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница; дали се почитува забраната за посета на надворешни лица. Доколку се затекне било кое лице кое е во посета задолжитежно да се евидентира во записник; увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница, се вели во соопштението.
Од ДСЗИ информираат дека констатирано е дека во моментот на наздор во модуларните болници во Битола, Гостивар и Кочани нема хоспитализирани пациенти.
-Модуларната болница во Дебар од своето пуштање во функција на ден 21.03.2021 година до 01.07.2021 год била затворена, за потоа да продолжи да функционира како вакцинален пункт.
Модуларната болница во Штип од 29.05 2021 година функционира како инфективно идделение со оглед на тоа што одделението, од КБ се реновира. Модуларната болница во Ресен функционира како амбуланта за тријажа, земање материјал за ПЦР тестирање и како дневна болница, но нема лежечки пациенти. Модуларните болници во рамкина клиниките за пулмологија и за детски болници исто така функционираат како амбуланта за преглед и тријажа. Во останатите има хоспитализирани пациенти.
По однос на санитарно-хигиенската состојба, извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција, динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини не се констатирани недостатоци. Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал; лекари (специјалисти и специјализанти) и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти.
Во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести во Скопје по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар. За нега на пациентите се грижат болничари или сестри за нега. За одржување на хигиената се грижат хигиеничари. Вработените во модуларните болници се имунизирани, а дел имаат прележано Ковид-19. Од спроведените инспекциски наздори не се констатирани недостатоци, стои во соопштението.