ДСЗИ не гледа пропусти во лекувањето на 17-годишникот во „Демир Хисар“ – момчето го врзувале со фиксатори, не со синџири

by Fokus

Во Психијатриската болница „Демир Хисар“ не се пронајдени предмети кои укажуваат оти 17-годишното момче со аутизам било измачувано.

Ова го констатира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по извршениот вонреден инспекциски надзор во Психијатриската болница откако мајката на 17-годишникот во медиумите обвини за нехуман третман на својот син за време на престојот во здравствената установа.

По извршениот надзор во Психијатриската болница, в.д. директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, посочи дека момчето првично било сместено во адолесцентското одделение, но поради неговата изразена агресија и напад на пациентки од женски пол, лекарите одлучиле да го префрлат во соба за фиксација.

Оваа соба, објаснува Младеновска, е наменета за пациенти кај кои се појавува изразена агресија или насилничко однесување. Посочува оти користењето на фиксаторите, кои може да бидат платнени или кожени, е дозволено, а оти тие се користат исклучиво за пациенти кои пројавуваат агресивно однесување.

„Фиксаторите се наменети за пациенти кои имаат насилничко однесување, коишто се агресивни. Воопшто не станува збор за синџири или за некои други предмети кои беа изнесени во јавноста“, рече Младеновска.

 

 

Поврзани новости