ДСЗИ ќе изврши вонреден надзор за лекувањето на младиот Југослав, кој денеска почина од Ковид 19

by Fokus

Младиот Југослав Југослав Николиќ, кој пред неколку часа на социјaлните мрежи бараше приватно да се лекува, ја загуби битката со Ковид 19.

Во објавата на неговиот профил, се наведува граѓаните да не донираат повеќе, како и дека уплатените средства на тие кои донирале ќе им бидат вратени во целост.

„Фокус“ се обрати до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да ни објаснат дали планираат да преземат нешто во врска со случајот на младиот пациент.

„По допрен глас и информации од социјалните мрежи, за посочениот случај ДСЗИ почнува вонреден инспекциски надзор следејќи ја патеката на лекување од матичниот лекар до соодветната јавна здравствена установа каде е последно лекуван пациентот – истакнаа од ДСЗИ за „Фокус“.

И.М.

 

Поврзани новости