ДСЗИ до 1 октомври извршиле 510 надзори во училишта и 273 во детски градинки, а за цела корона криза 2.826 во здравствени установи

by Fokus

Заклучно со 1 октомври годинава, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 510 надзори во училиштата при што се издадени 49 решенија за утврдени неправилности, додека пак во во вкупно 273 детски градинки извршени се 160 вонредни надзори и издадени три решенија за санитарно технички и санитарно хигиенски недостатоци, потврдуваат за „Фокус“ од ДСЗИ.

Исто така, во периодот од 16 март, односно од почетокот на корона кризата до 25 септември извршени се вкупно 2.826 надзори во здравствени установи и издадени 34 решенија за констатирани недостатоци.

 

Поврзани новости