474
„Очигледно Филип Ѓорѓиев заборава дека 11 години неговата партија го уништуваше стандардот на студентите, оставајќи ги студентските домови во мизерни услови; реагираа од Државниот студентски дом на прес-конферецијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со лажни фотографии и обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ не може да ја префрли одговорноста од своето владеење врз СДСМ, а студентите добро знаат кој е одговорен за актуелните состојби. Владата предводена од СДСМ издвои 660 милиони денари за подобрување на стандардот на студентите, а проектите како младинската гаранција ќе отворат перспективи за младите во земјата – се наведува во соопштението од Државниот студентски дом.