ДС: Жителите на Теарце да излезат масовно и без страв да гласаат за кандидатите од опозицијата

by fokus

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов денеска преку соопштение ги повика жителите на Теарце да излезат масовно на прегласувањето во недела и без страв да гласаат за кандидатите од опозицијата, иако според нив прегласувањето нема нешто сусштински да промени.

Од партијата велат и дека што поскоро треба да се формира Влада која ќе биде предводена од опозицијата.

-ДС укажува на потребата од најитно конституирање на новоизбраниот состав на Парламентот и избор на Влада која ќе ја предводи досегашната опозиција. Уставот е многу јасен, партијата или партиите што ќе покажат и докажат дека имаат мнозинство пратеници (најмалку 61), тие ќе го имаат мандатот да формираат Влада, што е извесно дека бројките и определбата на граѓаните е недвосмислена. Повторните избори во Теарце, во суштина ништо нема да променат и не треба “судбоносните одлуки” да се врзуваат за исходот на гласањето, каде е можно повторно кршење на изборните правила, се вели во соопштението.

Поврзани новости