384
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бара политички дијалог, како начин за надминување на длабоката политичка криза, која, според оваа владејачка партија, се заканува да ја дестабилизира државата.
„Наместо протести и контра протести, предлагаме најитно да се одржи лидерска средба на сите политички партии, на која ќе се договори платформа за излез од политичката криза, а парламентот да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба и да усвои платформа со конкретни чекори за надминување на кризата“, сметаат од ДС.