Партиите од парламентарното мнозинство можат да се обидат во следните два дена да понудат и постигнат компромис со раководството на ВМРО-ДПМНЕ се со цел во понеделник да се избере претседател на Парламентот, велат денеска од Демократскиот сојуз.
-Од понеделник натаму парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ, БЕСА и АЛИЈАНСАТА, мора да покажат цврстина и одлучност и при изборот на претседател и при формирањето на Владата. Континуираната попустливост, ќе биде злоупотребена од ВМРО -ДПМНЕ и преку медиумската манипулативна кампања ќе се настојува да се продлабочи кризата и спречи трансфер на власта. Геостратешките и регионалните процеси наметнуваат потреба од итно формирање на нова Влада и стабилизирање на состојбите, како прв чекор за нормализирање на животот и воспоставување на вредносен систем кој почива на владеење на правото во Република Македонија, се вели во соопштението на ДС.