ДС: Парламентот треба да ја донесе конечната одлука за името

by fokus

Демократскиот сојуз смета дека постигнување компромис за надминување на спорот околу нашето уставно име наметнат од Грција е прашање за кое е потребен и политички и граѓански консензус, велат денеска од партијата.

-За да се дојде до решение неопходна е политичка храброст, одговорност и лидерство. Решението кое не го загрозува нашиот идентитет, јазик и достоинство може да биде основа за ги деблокира евроатланските процеси и Македонија да добие покана за членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ.Но каков и да е компромисниот договор, конечната одлука треба да ја донесе Парламентот, со што народните избраници ќе ја преземат одговорноста за иднината на државата како легитимни претставници на народот, соопшти Демократскиот сојуз.

- Advertisements -

Според партијата, референдумот може да биде алиби на политичките водства и да го сруши целокупниот процес, доколку претходно не се обезбеди политичко-партиски консензус, па затоа ја обновуваат идејата за консултативен референдум.

Поврзани новости