Демократскиот сојуз загрижен во врска со, како што велат, неодамнешното назначување на поранешен келнер за нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје.
„Сметаме дека раководните позиции во јавните претпријатија мора да бидат пополнети со професионалци со долгогодишно искуство, знаење и висок степен на професионалност и интегритет“, велат од ДС.
Од таму ја повикуваат Владата да ја преиспита својата одлука и да почне да применува транспарентен и мерит процес на селекција при сите именувања во јавните претпријатија.
„Владата мора да даде приоритет на компетентноста, стручноста и интегритетот при изборот на поединци за такви позиции. Политичката припадност не може и не смее да биде главен критериум при вработување или поставување на раководна позиција“, истакнуваат од партијата на Трајанов.