Демократскиот сојуз укажува дека измените на Кривичниот законик, со кој се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружение, претставуваат брутален напад на владеење на правото и правдата и класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ за криминалот што го правеа изминатите седум години.
-Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не ги гласаат предложените измени, со целосен бојкот на седницата. Ги повикуваме новинарите, невладиниот сектор, експертите и граѓаните гласно да се спротивстават на овој криминален акт кој треба да го верифицираат пратениците на СДСМ и на ДУИ.
Во Парламентот се злоупотребува европското знаме и се врши силен притисок над пратениците по секоја цена овие промени да се изгласаат за неполни 24 часа. Вакви крупни промени на Кривичниот законик мораат да поминат низ јавна и експертска расправа. Во Македонија на сцена е политичката мафија, треба да ја спречиме со граѓански отпор. Сите треба да бидеме свесни дека се рушат темелите на државата, затоа имаме обврска да го спречиме тоа, велат од ДС.