ДС: Избори да се распишат уште вечерва

by fokus

По одлуката за самораспуштање на Собранието, Демократскиот сојуз бара претседателот Трајко Вељаноски уште вечерва да ги распише изборите, со цел ДИК, но и другите државни институции, да можат навреме да ги завршат обврските.

-Независно што претседателот има можност уште неколку дена (до 27.10.2016 година) да развлекува, сметаме дека е коректно и во интерес на сите граѓани и партии тоа да го направи вечерва, со што ќе започнат да течат законските изборни рокови –  стои во соопштението на Демократскиот сојуз.

 

Поврзани новости