506
Демократскиот сојуз укажува на апсурдноста на логиката на судовите, извршувањето на одлуките за притвор да ги одлага по поднесена жалба.
-Како е можно мерки на претпазливост или одлука за притвор, заради обезбедување присуство на обвинет, посебно при постоење услови за бегство или влијание врз сведоци, да се одлага извршувањето доколку има жалба. Kога има забрана за напуштање на државата или одлука за притвор,тие одлуки стапуваат во сила веднаш и се спроведуваат без одлагање, а доколку по жалба повисокиот суд одлучи поинаку,тогаш се постапува по одлуката на тој суд – се наведува во соопштението од судот.
Според нив, сега со двајцата обвинети припадници на МВР, кои се во бегство, се покажа дека судството е не кредибилно и не е во функција на борба против криминалот, туку инструмент на партиските елити и центрите на моќ.
Очекуваме одговорност од сите кои “кумуваат” на овие политичко -судски ујдурми.