ДС: Делчев е Македонец, пред сто години секој учител во Бугарија морал да потпише дека е Бугарин

by Фокус

Демократскиот сојуз смета дека дилемите околу националната припадност на Гоце Делчев и други македонски револуционери, херои и борци за слободна Македонија претставуваат обид да се сосечат корените на македонскиот народ и значат ревидирање на историските факти и случувања. Според партијата на Павле Трајанов Делчев е Македонец кој се борел и загинал за автономна и слободна Македонија.

„Гоце Делчев е симбол за македонец-револуционер кој е опеан во македонските песни и со него се поистоветуваат генерации наназат и тоа ќе го прават и идните генерации.
Немаме ништо против да го слави Бугарија и нивните политички водства, но да се трвди дека тој е Бугарин кој се борел за автономна Македонија и македонска држава е хипокризија и театар на апсурдот“, велат од ДС.

Од партијата на Трајанов додаваат дека во 19-от век и првата половина од 20-от век не можел некој во Бугарија да биде војник, учител или службеник ако не потпише изјава дека по националност е Бугарин, како што сега Македонците попишуваат изјава дека имаат бугарски корени за да добијат бугарси пасош.

Поврзани новости