ДС: Да се отвори истрага за лицата кои немо го следеа крвничкото претепување

by fokus

Демократскиот сојуз жестоко го осудува бруталното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот, ги повикува надлежните институции да ги доведат пред лицето на правдата сите негови убијци и да ги расветлат сите мистерии околу овој свиреп настан.

-Демократскиот сојуз е особено загрижен поради ненавремената реакција на надлежните органи и здравствените институции веднаш по убиството, како и поради обидите да се покрие или забошоти овој настан, што му овозможи на еден од убијците доволно време да се даде во бегство.

Го повикуваме обвинителството да отвори истрага за можно прикривање на убиството од страна на поединци во надлежните институции, за неукажување помош на хрватскиот ракометар од лицата кои немо го следеа неговото крвничко претепување, како и против обезбедувањето на дискотеката „Привилиџ“ кое не интервенираше да го спречи крвавиот настан, се вели во реакцијата на ДС.

Поврзани новости