ДС бара избори – државниот врв се крие од народот

by fokus

Државниот врв вчера држеше говори на најголемиот македонски национален и државен празник, Илинден, далеку од народот, со силно полициско обезбедување и одбрани гости, критикува Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, кој неодамна излезе од владината коалиција и бараат власта да организира парламентарни избори.

-Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот, за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ.

Многу е несоодветно било кој да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот, истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80% од народот не го прифаќа, се вели во реакцијата.

Од партијата порачуваат дека неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но тврдат дека токму државниот врв нѐ заглави на тој пат со прифаќање на неприфатливи услови, со коленичење и сервилност.

-Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори. Барајте поддршка, не бегајте, не се сокривајте од народот! Национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките кои се нудат, велат од партијата.

Поврзани новости