Државното правобранителство ја запре продажбата на земјиштето за депонија во Неготино

by fokus

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков, денеска изјави дека е поништена постапката за продажба на земјиштето за изградба на депонијата.

-Општина Неготино со одлука ја поништи постапката за продажба на градежно земјиште за изградба на депонија, а за ова има и официјален документ кој може да се провери на интернет страницата за градежно земјиште на е-урбанизам, тоа е системот на кој се води продажбата на градежно земјиште” – денес изјави за МИА градоначалникот Тони Делков.

Откако граѓаните реагираа дека не веруваат ништо додека не видат црно на бело, поради сомнеж дека се создава терен за бојкот на референдумот, за кој деновиве се собираат потписи, објавен е и документот според кој продажбата е запрена.

Од решението донесено на 30 декември од Комисијата за спроведување на постапките за електронско јавно наддавање, може да се види дека постапката се запира поради негативно мислење на Државното правобранителство.

Во решението има поука за жалба во рок од 15 дена до Министерството за транспорт и врски.

Од Ековита ги повикуваат жителите на Неготино и понатаму да се потпишуваат за оддржување на референдум.

В.В.

 

Поврзани новости