Државно правобранителство: Стафа поднесе оставка од лични причини

by fokus

Од Државното правобранителство попладнево информираа дека државниот правобранител Фехми Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини.

– Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница, стои во оставката од Стафа.

Од Владата потврдија дека на денешната седница е разрешен државниот правобранител. Стафа беше именуван за државен правобранител на 22 август 2018 година.

Поврзани новости