Државниот завод за статистика, на чело со директорот Апостол Симовски, вчера објави оглас за склучување на договор за јавна набавка за компјутерска опрема и материјал, чија проценета вредност е 190 милиони денари, односно околу 3 милиони евра.
Според техничката спецификација за набавката, станува збор за набавка на 5.650 лаптопи, од што произлегува дека ДЗР испланирал да потроши по 540 евра за лаптоп, доколку на крајот на тендерската постапка склучи договор со економски оператор на иста или приближна сума како проценетата вредност на набавката.
Во тендерската документација се наведува дека договор ќе биде склучен со компанија што понудила најниска цена.
За да се квалификува за учество на електронска аукција, компаниите мора да исполнуваат одредени услови во поглед на регистрирана дејност, финансиски резулатати, стручен кадар.