650
Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот Артан Груби и министерот за здравство Венко Филипче, се сретна со поглаварите на МПЦ г.г. Стефан и на ИВЗ Шаќир Фетаи.
Како што соопштија од Владата, на состанокот е констатирано дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам.
„Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час“, соопштија од Владата.