На состанокот инициран од претседателот Ѓорге Иванов со челниците на надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнувањето, биле разменети првичните информации за нападот на караулата Гошинце, при што државниот врв го осуди инцидентот на северната граница на државата.
„Државниот врв констатираше дека надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки и активности за расветлување на случајот, пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање. Воедно, државниот врв повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и да не се злоупотребува настанот во какви било цели“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.
Покрај него, на состанокот присуствувале спикерот Трајко Велјановски, премиерот Никола Груевски, министрите за внатрешни работи и за одбрана, Гордана Јанкуловска и Зоран Јолески, началникот на Генералштабот на АРМ, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, директорот на Агенцијата за разузнавање…