416
Новите законски измени во високото образование, со кои меѓу другото се предвидува воведување државен испит на факултетите, во второ читање, се ставени на дневен ред на седницата на Собраниската комисија за образование, наука и спорт закажана за 8 јануари, ден по Божиќ.
Додека студентите и дел од професорите вчера заседаваа пред Собранието, владејачкото мнозинство внатре ги изгласаа измените на законот за високо образование во прво читање. Повеќето од професорите и студентите со инспиративни говори се обратија до власта. барајќи од нив јавна дебата. И покрај трите студентски протести, тие цело време се изгнорирани од власта.