Државниот инспекторат за труд го проширил надзорот во М-НАВ

by Fokus

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) го проширил надзорот во М-НАВ.

Ова за државната МИА го изјавила директорката на Инспекторатот – Весна Томовска. Проширувањето на надзорот е по претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување и имаат и анонимна претставка за синдикатот.

„Добиени се дополнителни претставки, надзорот ќе продолжи понатаму. Затоа што надзор ќе се изврши и во Агенцијата за вработување, а исто така ќе се постапи и по новопримените претставки од страна на неизбраните кандидати. Значи имаме претставки од двајца неизбрани кандидати, имаме претставка од анонимен подносител членови на синдидатот и таа ќе ја дадеме во обработка. Што значи ќе се прошири надзорот и ќе ни треба повеќе простор и време“ – вели Томовска.

Таа очекува дека во текот на неделата ќе има координативен состанок и со Финансиска полиција, а на кој треба да разгледаат од двете области до каде се со надзорот во М-НАВ. Томовски истакна и дека инспекторите кои работат на овој надзор имаат обемна документација

„Ве молиме за трпение, за да завршиме како што треба“ – вели Томовска.

 

Поврзани новости