На ден 08.11.2023 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен е вонреден инспекциски надзор во објект – централен магацин со кој стопанисува ДПТУ Ванила фоод–ДООЕЛ Скопје од каде се снабдуваат со прехранбени продукти кујните во училиштата на територија на Општина Карпош како и во кујните на училиштата на ООУ „Димо Хаџи Димов „ и ООУ „Владо Тасевски„ а по добиена дојава од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје –одделение за епидемиолгија за појава на заболување кај седум деца од различни училишта во Општина Карпош со дијагноза Salmonellosis .
-Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенција за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје.
Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работни површини, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Посетените објекти се времено затворени, информираат од ДСЗИ.
Во тек на 09.11.2023 продолжува инспекцискиот надзор во училишните кујни на ООУ „Војдан Чернодрински„ и ООУ „Јан Амос Коменски„ .
-Врз основа на епидемиолошките анкети , стручното мислење како и препораки на епидемиолози од ЈЗУ ЦЈЗ – Скопје и ЈЗУ ИЈЗ – Скопје, ДСЗИ и понатаму ќе биде дел од координираните инспекциските надзори а се со цел да се спречи ланецот на ширење на зразното заболување, стои во соопштението на Инспекторатот.