ЈП„Државни патишта“ вчера постапувајќи по барањето на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, го достави договорот за изведба и надзор над изградбата на коридорите 8 и 10-Д, информираа денеска од Обвинителството.
Претходно, „Државни патишта“ до Обвинителството ги доставило броевите на огласите од јавните набавки поврзани со коридорите 8 и 10-д, за кои јавниот обвинител обезбеди пристап до електронската база на податоци на Бирото за јавни набавки.
„Договорот, како и содржината на севкупната електронска документација од Електронскиот систем за јавни набавки поврзана со сите постапки за јавните набавки каде како предмет на договор се јавуваат коридорите 8 и 10-д, во наредниот период ќе бидат анализирани во насока на утврдување на елементи на евентуално сторено кривично дело. Со оглед дека станува збор за обемна документација на јавниот обвинител и тимот на истражители ќе им биде потребно време за анализа и проверка на сите индиции и наводи што месеци наназад се во интерес на јавноста“ се вели во соопштението.