369
Руската Државна Дума го усвои нацрт-законот за забрана за промена на полот.
Нацртот, кој беше поднесен до Долниот дом на рускиот парламент на крајот на мај, предлага да се воспостави целосна забрана за медицински интервенции со цел промена на полот, како и да се исклучи државна регистрација на промена на полот без операција, објави РИА Новости.
Потпретседателот на Думата, Петар Толстој истакна дека документот предвидува исклучок за вродени аномалии кај децата и дека во тој случај е дозволена медицинска интервенција, но само врз основа на одлука на лекарската комисија, а не на лекар поединец.