Влезот во 10тата година од приредување игри на среќа, Државна лотарија го обележува со нова Лото игра. Од сега ќе се игра со нови правила кои ќе допринесат за поголеми добивки, поинтересна игра и повеќе забава.
Промените се резултат на барање подобри решенија за осовременување на Лото играта. Новините се комбинација од прифатени сугестии од играчи, резултати од анкети спроведувани на продажни места и на официјалната веб страна, искуства на други европски лотарии и комплетно иновативни решенија.
Веруваме дека со играта Лото 7 ќе одговориме на критериумите и очекувањата на лото играчите. Познавачите на лото играта бргу ќе ги забележат предностите на новата игра, а истите тие предности ќе привлечат и бројни нови играчи.
Под среќна ѕвезда – е слоганот на играта Лото 7, кој ќе им донесе среќа на многу играчи и чувство дека навистина застанале под среќна ѕвезда.
Зошто Лото7?
· Поголеми ДОБИВКИ
· Поинтересна ИГРА
· Повеќе ЗАБАВА
Поголеми добивки: Лото 7 како тип на игра ќе понуди поголеми и поатрактивни добивки. Како одговор на досегашните сугестии на лото играчите, во Лото 7 категориите 6ка, 5ка и 4ка, ќе носат повисоки суми на добивки, а категоријата 4ка ќе има (единечна) фиксна добивка во износ од 200 денари;
Црвено топче ќе ги удвојува сумите за категориите добивки 4ка, 5ка и 6ка. Покрај топчињата со бројчиња, во миксерот ќе има и едно црвено топче, кое доколку биде извлечено, ќе се удвојат сумите на сите категории добивки, освен 7ката. Очекувањето на црвеното топче ќе внесе дополнителна возбуда. Со црвеното топче ќе се радуваме на примамливи двојни добивки во категориите за 4ка, 5ка и 6ка.
Нови помошни ливчиња со ретро изглед и обележани скратени системи. За сите Лото носталгичари, го вративме стариот препознатлив изглед на цврено/белото мало Лото ливче. Но помошните ливчиња, покрај промена на изгледот имаат промена и во содржината и функцијата. До сега, на едно помошно ливче играчите имаа можност да играат само комбинација од седум среќни бреви, или полни системи. Од сега, играчите на едно помошно ливче ќе
имаат можност да изберат или да играат како и до сега посебни комбинации од по седум броеви и полни системи, или пак да играат скратен систем.
Полесно до скратени системи, на барање на играчите „системаши“. Едно од најчестите барања на познавачите на Лото играта, беше поедноставување на можноста за играње скратени системи. Со новите помошни ливчиња и познавачите и новите играчи ќе можат едноставно и лесно да играат скратени системи. На новото помошно ливче се наведени 24 скратени системи. Играчот треба само да го обележи бројот на скратениот систем и во една колона да го пополни соодветниот број на среќни броеви, (во зависност од тоа од колку броевите се состои системот). Скратените системи за разлика од полните системи имаат многу поприфатлива сума за уплата. Познавачите знаат дека можноста за добивки особено за повеќекратни 6ки, 5ки и 4ки, со скратените системи е неколку пати зголемена. Скратените системи, во зависност од изборот на системот и совпаѓањето на извлечените броеви со среќните броеви на играчот, во развојот на комбинаците, може да доведат до освојување на поголем број добивки и од неколку различни категории кои пак можат да бидат удвоени доколку биде извлечено и црвено топче.
Претплата до 10 кола однапред – За разлика од до сега, кога максималната претплата беше со можност до 5 кола однапред, на барање на играчите, воведена е можност за претплата до 10 кола, што како и до сега се обележува на помошното ливче.
Побрза можност за повторна уплата на броевите од претходно коло – За сите кои практикуваат да ги уплаќаат истите броеви и комбинации од коло во коло, од сега не мора да ги чуваат старите помошни ливчиња и да ги препишуваат. Треба само да ги чуваат потврдите за уплата. На продажните места од сега брзо и лесно, може да се скенира потврдата за уплата од претходното коло или да се копира бар кодот од истата. Ова е најбрзиот и најлесен начин на уплата, која ќе олесни на сите кои се верни на истите среќни броеви.
Играта Џокер е од сега самостојна – На барање на Џокер играчите, од сега, во играта Џокер, може да се учествува без претходна уплата за учество во играта Лото. На едно помошно ливче може да се уплатат и до 50 џокер броеви, за разлика од досега кога беше можна уплата до 20 џокер броеви.
Во игрите Лото7 и Џокер како и до сега може да се учествува со уплата на било кое уплатно-исплатно место на Државна лотарија ширум земјата. Играчот може да избере дали ќе уплаќа со помошно ливче, претходна потврда за уплата, да побара вербална уплата или Quick Pick. Уплатата на една Лото комбинација од седум броеви, останува иста, 20 денари, а исто така и уплатата на еден Џокер број.
Фондот за седум погодоци , кој во моментов изнесува НАД 28 Милиони денари се пренесува во фондот за седумка и во ЛОТО 7.
Терминот на извлекувањата останува среда и сабота во 20:00 часот на Канал5.