Државна и јавна администрација во Скопје денеска со скратено работно време, до 12 часот

by Fokus

Врз основа на заклучоците донесени на 199. седница на Владата, сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје денеска ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, поради Самитот на ОБСЕ што се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје.

Здравствените установи ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

30 ноември е неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува.

Банките ќе работат редовно на 29 и 30 ноември, исплатата на ноемвриските пензии ќе почне од 1 декември.

Се препорачува приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Поврзани новости