1
На 26.10.2024 во СВР Битола Д.П.(55) од Битола пријавил дека во дом на ул.„Цветан Димов” во Битола починала Е.К.(88) од Северна Ирска, со престој во Битола. Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Увидот извршила увидна екипа на СВР Битола.