Државјанин на Велика Британија најден паднат со повреди во подземна гаража

by Fokus

Државјанин на Велика Британија бил најден паднат и со повреди во подземна гаража во скопски Аеродром.

-На 20.09.2024 во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Анастас Митрев“ во подземна гаража бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани новости