Државјанин на Таџикистан е приведен во Санкт Петербург поради коментари за терористичкиот напад во Москва

by Fokus

Државјанин на Таџикистан во Санкт Петербург е осомничен за поддршка на тероризам откако на социјалните мрежи објавил коментари за терористичкиот напад во салата Крокус сити хол во предградието на Москва, соопшти прес-службата на градското седиште на Рускиот истражен комитет.

Според извештајот на Истражниот комитет, осомничениот од 24 до 25 март објавил коментари на Интернет со кои го оправдувал терористичкиот напад.

„Дваесет и шестгодишен државјанин на Таџикистан, кој не е регистриран во Русија, е осомничен дека сторил кривично дело според дел 2 од член 205.2 од Кривичниот законик на Руската Федерација (оправдување за тероризам)“ се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Судот потоа ќе одлучи за притворот на осомничениот.

143 лица загинаа во терористички напад вечерта на 22 март, пред концертот Крокус во Красногорск, во близина на Москва. Четворица директни извршители на терористичкиот напад се приведени следниот ден во Брјанска област.

Поврзани новости