105
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – Учество во тепачка.
Настанот се случил на 17.08.2023 година, кај луна-парк на улицата “Партизанска”, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка. Се вклучиле родителите на двете деца и други роднини од двете страни, а физичката пресметка кулминирала така што едно од децата се здобило и со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.
Еден од обвинетите во моментов извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.