Владата донесе уредба за прогласување на кризна состојба која го отвора патот државата преку Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) да внесе принудна управа во работењето на БЕГ, односно до завршувањето на грејната сезона целиот бизнис со топлинска енергија во Град Скопје ќе биде под целосно управување на ЕСМ.
Ова решение попладнево на прес-конференција го соопштија вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски за парното греење во Скопје
Владата ќе обезбеди средства за субвенции на сметки за топлинска енергија, односно владата за 100 отсто ќе ја покрива разликата од моменталната цена за парно греење и реалната цена која ќе ја определи РКЕ.
-Мерките кои се составен дел од уредбата овозможувааат Владата преку ЕСМ да го стабилзиира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ деднес го потпиша договорот за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари 2022 година. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија, покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економско исплатливо снабдување во овој период. ТЕ-ТО има сигурен извор на гас и може да работи без пречки. Во периодов има активни договори за продажба на електрична енергија и ќе работи дополнително за време на викенд, а проиведената електрична енергија ќе ја купува АД ЕСМ. Дополнитлено ТЕ-ТО наместо до 22 часот ќе работи до еден часот по полноќ и со ова ќе се произведе потребната топлиснка енергија за Град Скопје и сите корисници, рече Бектеши.
Тој додаде дека до крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја преземе АД ЕСМ со што ќе има доволно топлинска енергија за БЕГ.
-Во моментов како што информираа од БЕГ дека не се во можност да работи самостојно компанијата, побара од Владата принудна управа. Донесена е одлука за склучување на договор за деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ по задолжение од Влада. Согласно ова задолжение, Владата во текот на наредната недела ќе донесе одлука и ќе го задолжи ЕСМ да склучи таков договор се со цел да ја продлабочи соработката со БЕГ. Исто така за работењето на АД Скопје -Север ќе се склуичи договор за длеовно техничка сораобтка по истиот принцип. Со договорите за деловно техничка соработка сите права и обврски кои ги имале субјектите мируваат, а правата и обврските кои ќе настанат во периодот на важење на договорот ќе бидат на ЕСМ, образложи Бектеши.
Како што информираше Бектеши на прес-конференцијата, АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работерње преку посебна сметка и за тоа ќе доставува извештај до Владата во континуитет. АД ЕСМ, како што рече, веќе поседува лиценци за топлинска енергија и тие ќе бидат проширени откако ќе се добие согласност од РКЕ.
Притоа лиценцата на БЕГ нема да и биде одземена иако среде грејна сезона остана без гас и побара државата да го преземе нејзиното управување.
Засега од Владата нема одговор колку пари од буџетот ќе се одлеат за да се покријат трошоците за БЕГ, односно за парното греење за градот Скопје.