Државата повторно се задолжува, продава три државни обврзници вредни 74 милиони евра

by Fokus

Државата повторно ќе се задолжува преку издавање на нови три државни обврзници чија вредност е вкјупни 73,8 милиони евра.

Македонската берза за долгорочни хартии од вредност објави дека првата обврзница е издадена на 19 октомври на сума од 22,66 милиони евра. Парите ќе треба да се врарат после три години и каматната стапка е пониска и изнесува 3,95 отсто.

Втората државна обврзница е на сума од 9,38 милиони евра. Нејзиниот рок на враќање е 15 години, односнио земјава ќе треба да ја отплаќа до 2039 година. Заради подолгиот рок на отплата нејзината каматна стапка е прилично повисока и изнесува 5,6 проценти.

И третиот дел на државни обврзници се на сума од 31,72 милиони евра. За користењето на овие пари државата ќе плати камата од 5,6 проценти.  Сите државни обврзници без девизна клаузула.

Според Министерството за финансии,  во следните пет години Владата ќе треба да врати 6 милијарди евра на домашните и на странски кредитори.

Во 2025 година доспева долг од 1,23 милијарди евра, во 2026 година ќе се вратат 1,26 милијарди, во 2027 година ќе треба да вратиме 1,25, во 2028 година над 1,5 милијарди евра, а во 2029 година ќе бидат вратени само 790 милиони евра.

Најголемите суми се по основ на еврообврзници. Министерството за финансии треба во следните четири години да иплати 2,4 милијарди евра само по основ на еврообврзница и по основ на главница без камата.

Во секоја од следните 4 години треба да се исплати по една Еврообврзница или вкупен износ од 2 400 000 000 ( две милијарди и четиристотини милиони евра) само по основ на главница.

 

На истекот од 2024, според последните достапни податоци , Јавниот долг на крајот од првото економско полугодие изнесувал 60,5% или 8,87 милијарди евра, со што е надмината психолошката гранива од 60 проценти.

О.К.

Поврзани новости