Државата купи руска нафта за половина милион евра

by fokus

Државната Дирекција за задолжителни нафтени резерви набавила гориво дизел од руската компанија Лукоил, покажуваат податоците од „Отворени финансии“.

Според јавно-достапните информации, Дирекцијата ја направила исплатата за набавката од речиси половина милион евра на четврти март.

Сепак, договорот за истата е склучен пред да започне руската инвазија на Украина, односно на девети февруари. Станува збор за делива набавка на еуродизел.

Дирекцијата склучила еден договор со Лукоил во вредност од 30 милиони денари (487.000 евра) и еден договор со Окта во вредност од 120 милиони денари.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи пред еден недела изјави дека преку купување на руска нафта се финансира руската армија.

-Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од готови енергетски ресурси. Секако дека со нивното купување се финансира руската армија, таму нема дилема, дециден беше Османи.

К.С.Б.

 

 

Поврзани новости