„ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на бројот на пратеници во македонското Собрание од 120 на 90.
„120 пратеници во Собранието е преголем број и затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните. Ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија“, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
„За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно инкасира скоро еден милион евра.
За еден милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните“, додаваат оттаму.