Дрвокрадци во прилепско фрлале со дрва по полициско возило

by Фокус

Возило на МВР доцна синоќа околу 21 часот излетало од патот откако се обидело да запре товарно возило без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва.

Полициската патрола сакала да го пресече патот на дрвокрадците, но за да го спречат во намерата почнале да фрлаат со дрва по полициското возило.

Товарното возило било пронајдено кај место викано „Три багреми“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости