Дрвокрадец во тетовско носел огревни дрва без документи – немал ниту возачка дозвола

by irena 10:27
10:27

Жител на тетовско Стримница е лишен од слобода во тетовското село Желино, откако полицијата при контрола утврдила дека управувал возило без возачка дозвола и превезувал огревни дрва без соодветна документација.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера во 19:30 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Групчин запреле „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(29).

„При преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација и моторна пила“, информираа од МВР.

Возилото и дрвата се одземени и задржани, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.

Слични вести