Три лица, меѓу кои и едно шестгодишно дете, загинаа денеска во полскиот туристички град Рабка Здрој, кога врз нивниот автомобил паднало дрво, разнесено од силен ветер, соопшти пожарникарската служба.
Силниот ветер што денеска ја зафати јужна Полска урна дрвја, поради што деветгодишно момче загина во градот Закопане во подножјето на планината Татра, откако врз него паднало дрво во близина на црквата.
На истото место загина и 23-годишна жена, чиј автомобил исто така бил згмечен од паднато дрво, соопштија пожарникарите, пренесе агенцијата ПАП.
„Двегодишно момче беше реанимирано и хоспитализирано откако беше удрено од дрво што падна во истиот град“, изјави Анджеј Крол-Леговски, портпарол на противпожарната служба.
Пожарникарите до 14 часот веќе интервенирале 140 пати.
Локалните власти издадоа предупредување за опасни ветрови со брзина од најмалку 100 километри на час и затворени планински патеки во националниот парк Татра.