Друштвото на исчезнатиот Периш консумирало дрога

by fokus

Друштвото на дваесет и седумгодишниот Матеј Периш, кој исчезна на ноќта пред Нова Година во Белград, вечерта испиле многу алкохол, но консумирале и дрога, откри претседателот на Полицискиот синдикат на Србија, Вељко Мијаиловиќ кој детално го опиша однесувањето и движењето на момчето од Сплит пред исчезнувањето.

-Момците од Сплит дошле во Белград на 30 декември, а се сместиле некаде пред 18 часот. Во местото каде биле сместени веќе почнале да консумираат алкохол. Околу 21 часот отишле во ресторанот „Амбар“ каде исто така пиеле алкохол. Продолжиле во клубот „Готик“, а таму нарачале голема количина алкохол, открил тој.

Тој ги потврди пишувањата во медиумите дека момците консумирале и опијати, од кои најопасен бил наркотикот „спид“.

-Можете да замислите како тоа влијаело на нивните тела, алкохол плус наркотици. Матеј некаде околу 1.40 станал од маса и нагло излегол надвор. Факт е дека неговите другари речиси саат време подоцна приметиле дека го нема. Исчезнувањето го пријавиле утредента попладне, открива Мијаиловиќ.

Тој нагласи дека полицијата од самиот старт од нив добивала оскудни информации.

-Не споменуваа опијати, меѓутоа ние најдовме траги во комбето с коешто дошле од Хрватска како и во смештајот во Белград. Тие консумирале дрога, најверојатно сите седуммина. Таа дрога ја донеле со себе, рекол полицаецот.

Тој додава дека не треба да се заборави и фактот што Матеј бил потресен од смртта на неговиот другар, трагедија која се случила пред месец и пол дена.

Инаку, потрагата по исчезнатиот сплитчанец влезе во седми ден, а нуркачите ja пребарува реката Сава со надеж дека ќе најдат некаква трага што ќе помогне во истрагата.

Дарко Ковачевиќ од „Мрежа за опасност Србија“ изјави дека со детално пребарување „најдени се траги“ кои би можеле да одговорат на прашањето каде Матеј влегол во Сава.

– Во принцип, телото секогаш се бара низводно доколку има информација дека некое лице воопшто влегло во водата на одреден простор. Но, бидејќи сега тоа не е целосно потврдено, пронајдени се некои траги. Тоа се некои лични предмети кои се пронајдени. Сега се истражува секоја можност, сите навистина се трудат да го најдат младиот човек. Сите се уште се надеваме дека ќе го најдеме во некои многу посреќни околности – изјави Ковачевиќ за српски Блиц.

Поврзани новости