„Оваа војна поттикна големи надежи и луѓето ќе бидат многу нетрпеливи за промените. Тие сакаат пари и правда и завршување на реформите што ги бараа уште во 2014 година. И тие го сакаат тоа брзо“, рече еден поранешен украински министер кој побара анонимност, за да може да открие повеќе детали.
И додека пловидбата во турбулентните повоени политички води би било тешко за секој лидер, според поранешниот министер, на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му биде особено тешко бидејќи тој стана дел од проблемот – лидер со автократски тенденции.
„Тоа може да звучи изненадувачки, ако се гледа однадвор“, пренесува Index.hr, додавајќи дека една година Зеленски е пофален како олицетворение на украинскиот отпор, па дури и икона на демократијата. Тој, исто така, сè уште е аплаудиран што ја одбил американската понуда да избега од Киев додека руските тенкови беа на 60 километри од главниот град, а неговата инспирирана воена реторика и хипнотизирачки говори беа инструменти за убедување на САД и Европа да ја поддржат Украина во нејзината егзистенцијална криза.
Иако неговото лидерство, комуникациските вештини и нескротливиот дух добија пофалби дома во Украина, искусни набљудувачи велат дека неговиот рејтинг од 84 отсто од јавноста е резултат на собирното расположение околу националното знаме и предвидуваат дека тој број ќе се намали откако ќе исчезнат егзистенцијалните закани – слично како што се случи набргу откако овој популистички комичар стана претседател со големо мнозинство во 2019 година, ветувајќи дека ќе ги брани интересите на народот против богатите и владејачката класа.
За жал, Зеленски не можеше да ја повтори својата улога како телевизиски „народен претседател“ во реалниот живот, неговата поддршка во еден момент падна на само 11 проценти, откако го разреши реформски настроениот премиер, формирајќи влада со пријателите и поранешните деловни партнери, без да постигне ништо на сопствената антикорупциска акција. Наместо тоа, претседателот на Украина е обвинет дека станува се поавтократски и дека го прекршува законот со издавање претседателски декрети за санкционирање на непријателите, сето тоа во име на борбата против руската агресија – но, велат некои критичари, и за да ги попречи своите политички противници.
Се потсетува дека четири месеци пред руската инвазија, Зеленски и неговите двајца блиски соработници биле вклучени во офшор финансиски активности. Врз основа на документите на Пандора кои ги откриваат офшор активностите на политичките лидери и други истакнати поединци ширум светот, се чини дека украинскиот лидер основал офшор компании пред да стане претседател, но продолжил да профитира од нив по преземањето на функцијата.
Критиките за неговото предвоено однесување досега не му наштетиле, но откако пушките ќе замолчат, ќе се појават прашања за настаните што доведоа до војната и зошто Зеленски ги игнорирал предупредувањата од западните разузнавачки агенции за големата веројатност за руска инвазија и не успеа да ја мобилизира Украина многу порано.
„Политико“ разговараше со опозициските политичари и лидерите на граѓанското општество рече дека Зеленски исто така ќе се најде на удар на критики за тоа како тој и неговите стари пријатели и поранешни деловни партнери владееле за време на војната. Тие владееја слично како и пред инвазијата, обидувајќи се да воспостават „управувана демократија“ со една доминантна партија.
Микола Књажицки, опозициски пратеник од Лавов, како и другите, истакна дека Зеленски ги користи претседателските воени овластувања и воената состојба за да преземе поголема моќ, да ги контролира телевизиските медиуми, да го заобиколи парламентот и да го игнорира законодавниот надзор над буџетот.
Некои, исто така, стравуваат дека глобалното одобрување што сега го ужива Зеленски го потхранува неговото чувство за величественост и мегаломанија.
„Тој мисли дека е политичар број еден во светот и дека Џо Бајден е далеку под него, а уште пониски се лидерите како Макрон и Шолц“, рече поранешниот украински министер, додавајќи дека тоа не е здраво и навестува лоша иднина.
Како и другите, тој спомна дека украинскиот лидер изгледа не сака да го дели центарот на вниманието со никого, како актер кој ги сака сите најдобри сцени.
Поранешниот помошник на Зеленски рече и дека кабинетот на претседателот постојано ги анализира податоците од анкетите за да провери дали некој го засенил.