Друга дадилка снимена како тепа и кубe деца

by fokus

Обвинителството бара притвор за дадилката која завчера во полиција беше пријавена дека малтретирала две деца близначиња.

Дадилката која е на возраст од 55 години се гони за кривично дело запуштање и малтретирање на дете.

Според информациите од Обвинителството, во период од 1 до 27 ноември дадилката чувала две тригодишни близначиња, но додека ги чувала, без причина физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата.

Сето ова било снимено и документирано на безбедносните камери кои ги поставила мајката во домот.

Пред само една недела во игротека во кафуле во трговскиот центар Капитол, беше снимена негувателка која тепа и тегне двегодишно дете, кое го чувала заедно со уште две други деца. Оваа дадилка заврши во притвор, а за новата одлука треба да донесе Кривичниот суд.

Поврзани новости