328
Гувернерот на рускиот регион Белгород денеска изјави дека тројца цивили се загинати во напад со дрон во село близу границата со Украина.
„Украинската војска лансираше експлозивна направа со дрон и кога тројца луѓе беа на улица“, објави Вјачеслав Галдков на „Телеграм“.
Од Министерството за одбрана на Русија информираа дека осуетен е напад со дронови во Москва.
Оттаму велат дека два дрона биле соборени од противвоздушната одбрана, но градоначалникот на Москва – Сергеј Собјанин рече дека била погодена една зграда во изградба.
Летовите на трите главни аеродроми во Мосва, Шереметјево, Домодедово и Внуково беа на кусо запрени, втора ноќ по ред.
Киев без коментар за нападите на руско тло.