Дроб сармата на Маја како Мона Лиза на Леонардо

by fokus

Универзитетскиот професор Иван Иванов, кој е син единец на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, ги пофали кулинарските способности на својата мајка Маја.
Нејзината вештина да приготви добра дроб сарма ја спореди со уметничките вештини на ренесансниот сликар и вајар Леонардо Да Винчи, со режисерот Федерико Фелини и композиторот Лудвиг Ван Бетовен.

Познат како љубител на пишаниот збор, Иван кој неодамна ја издаде својата збирка поезија ,,Невино време”, под објавената фотографија со дроб сармата на Маја, и посветил и кратка поема.

-Како што Лео ја беше Лиза сликал,
Како што Лудвиг радоста во ода ја бликна,
О, како што Фелини ни го покажа Долче Вита,
Така Маја, Дроб Сармата ја свитка!-објави Иванов.

На почетокот на месец април, тој и неговата сопруга Јана го добија своето прво дете, синот кого го крстија според стариот обичај, по дедото, односно по таткото на Иван, Ѓорѓи.

За време на претседателскиот мандат на неговиот татко, младиот Иванов беше актуелен на музичко поле, како вљубеник во гитарата, но сега работи како професор на Балканскиот интернационален универзитет.

Вчера беше гостин во ТВ емисија, каде зборуваше за својата збирка, но и за актуелната состојба во земјава, со што повторно ги подгреа гласините дека се подготвува за влез во политиката.

Поврзани новости