„Дрисла“ одбива да ги прими камионите со смет организирани од ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

„Дрисла“ одбива да ги прими камионите со смет што вечерва собираа ѓубре организирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓеоргиевски и Тимчо Муцунски, на фејсбук објавија видео како се убедуваат со одговорно лице во „Дрисла“, од каде одбиваат да ги пропуштат камионите.

-Мора да ги пуштите, уредно си плаќаме. Градот тоне во ѓубре – се жалеа градоначалниците.

Поврзани новости