„Дрисла“ ќе мора до април да набави нова печка за медицински отпад

by fokus

Владата му наложила на концесионерот „ФЦЛ Амбиенте“ на депонијата „Дрисла“ да набави нова печка за согорување на медицински отпад, откако се потврди дека емисиите кои ги испуштала веќе постоечката печка ги надминуваат дозволените граници.

Концесионерот ќе мора да го набави инцелераторот до април годинава, за што веќе е издадена градежна дозвола од Министерството за транспорт и врски, информираше денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, на брифинг со новинарите на кој присуствуваше и градоначалникот, Петре Шилегов.

Постоечката печка е набавена пред 17 години и во континутет придонесувала во аерозагадувањето затоа што нема филтри. Додека не биде пуштена во функција новата печка, концесионерот е обврзан на старата да ги инсталира потребните филтри.

Како што рече Макрадули, од почетокот на годинава во Дрисла не се согорува медицински отпад, туку истиот само се складира во депонијата.

Министерот додаде дека концесионерот требало да набави нова печка до март 2014 година, односнот пред четири години. Набавката не биле спроведена затоа што тогашната Влада, преку Министерството за транспорт и врски не ја дала потребната градежна дозвола. Градежната дозвола е издадена од новата Влада во октомври 2017-та година.

 

Поврзани новости