Дресовите кои Меси ги носеше на Светското првенство во Катар во декември ќе се продаваат на аукција

by Fokus

Дресовите кои аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги носеше на Светското првенство во Катар во 2022 година беа проценети на 10 милиони долари.

Тие ќе бидат понудени на аукција во декември, објави Sotheby’s.

На аукцијата ќе се најдат дресови што ги носеше капитенот на светските шампиони на натпреварите против Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска и во финалето против Франција.

Доколку се реализира проценката од десет милиони, аукцијата би можела да го загрози рекордот за најскапа спортска опрема некогаш продадена, соопштија од Sotheby’s.

Досега рекордот го држи дресот на кошаркарската легенда Мајкл Џордан, носен за време на финалето на НБА во 1998 година, а минатата година беше продаден за 10,1 милиони долари.

Дел од приходите од продажбата ќе бидат донирани за проектот UNICAS, иницијатива на болницата во Барселона, специјализирана за ретки детски болести.

Поврзани новости