510
Есад Рахиќ, директорот на истражниот затвор „Скопје“, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека тепачката меѓу поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски со други притвореници била местенка за да излезат од притвор.
Токму поради овој инцидент тогашниот директор на затворот Ѓоко Котевски си поднесе оставка.
-Господинот Котевски пред мене коректно си ја вршел работата. Мислам дека тоа е сплет на несреќни околности, да не кажам една класична местенка изрежирана да се случи тоа за дел од тие што учествуваа во тепачката да излезат надвор, вели Рахиќ.