Ќе биде важно дали идната влада ќе ја продолжи јасната стратешка насока во надворешната политика на земјата и дека решително и доверливо ќе ги спроведе потребните чекори на патот кон ЕУ, вели во интервју за 360 степени, амбасадорката на СР Германија во земјава, Петра Дрекслер која зборува за постизборните предизвици со кои е соочена државата.
На прашањето дали промените на политичката сцена кои ги донесоа изборите и дали тоа нешто менува во односот на Германија кон земјава, амбасадорката се осврнува на сојузништвото и партнерството на Македонија и Германија и тесната поврзаност на двете земји.
-Најпрвин нашите две држави ги поврзува сигурно партнерство како сојузници, во НАТО сме тесно поврзани, потоа преку поврзаноста на нашите економии, преку тесна размена на сите нивоа на нашите општества, на пример, и преку нашите парламенти. И секако сакаме да имаме блиска соработка и со идната влада, на Северна Македонија, што допрва треба да се формира. Ќе биде важно дали идната влада ќе ја продолжи јасната стратешка насока во надворешната политика на земјата и дека решително и доверливо ќе ги спроведе потребните чекори на патот кон ЕУ, вели Дрекслер.
Таа посочува и дека Северна Македонија може да се потпре на понатамошната поддршка на Германија.
-Мислам дека ние во Германија, сме многу свесни за големите напори, што Северна Македонија веќе ги презеде во пристапниот процес кон ЕУ. И да, можам да разберам дека искуствата од овој процес имаат последователен ефект во општеството. Сметам дека ќе стане проблем тогаш кога скепсата ќе помине во резигнација. Понекогаш имам впечаток дека, довербата во ефикасноста на политичкото дејствување во земјата во целина е ниска. За да се поврати таа доверба за оние што во иднина ќе ја понесат политичката одговорност за земјава ќе важи, најавените реформи и ветувања сега паметно и енергично да ги претворат и во дела, вели амбасадорката во врска со прашањето, за неуспехот на Европската Унија да испорача за земјава, да почне пристапни преговори веднаш по прашањето на името.
На прашањето дали може да се бара и очекува да се добие она што го бара ВМРО-ДПМНЕ , промена на условите и гаранции на т.н идентитетски прашања, за да ги поддржи уставните измени, амбасадорката Дрекслер посочува на предочувањето во континуитет изминатиот период од нивна страна, за постоечката Преговарачка рамка.
-Мислам дека од германска страна постојано предочувавме колку многу ги цениме македонскиот идентитет македонската култура, и македонскиот јазик. Тоа г нагласи уште еднаш и Бундестагот, минатата година со резолуција. И мислам дека токму преку пристапниот процес со ЕУ, , македонскиот јазик доби особено на значење и надвор од своите граници. Истовремено, исто така јасно Северна Македонија со сите земји, членки на ЕУ, се спогоди за преговарачката рамка, за пристапните преговори со ЕУ. Оваа преговарачка рамка, е утврдена и туѓа спаѓа и спроведувањето на уставните промени, посочува Дрекслер .