Драстичен пад на наталитетот

by Фокус

Бројот на новороденчиња во Македонија опаѓа во континуитет. Се помалку деца се раѓаат на територија на земјава, покажува извештајот на Заводот за статистика, според кој во 2023 година за 7,4% се намалил бројот на новороденчиња во споредба со 2022 година.

Во Македонија минатата година имало живородени 16.737 бебиња, од кои нешто над 50% биле машки. Гледано според градови и општини, најмногу деца се родиле во Скопје, односно 5,665, а најголемиот дел од нив 888 биле од општина Чаир.

Најмалку новороденчиња имало во општините Зрновци односно 9, Лозово- 11, Градско-14 новороденчиња, Демир Камија 18 и Дојран 21 новороденче. Најголемиот дел од мајките на новороденчињата биле на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 29,6 години, а најголем дел од мајките биле родени во 1994 година. Од податоците на статистика 14 бебиња биле родени од мајки кои имале помалку од 15 години.

Ако се направи споредба со пред 20 години, односно во 1995 година кога во Македонија биле родени 29.886 бебиња, бројката на новороденчиња е намалена за нешто над 13.000.

Поврзани новости